Финансиска поддршка во овоштарството

Bez autora
Feb 20 2025

Овоштарите директните плаќања ги добиваат по неколку основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти …

Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари збирно за сите видови овошки.

Финансиската поддршка изнесува 42.000 денари по хектар за јаболко, 37.000 за слива, цреша и праска, а за вишна, кајсија и круша е 34.000 денари за хектар.

Доколку се пријавени поголеми површини таа скалесто се намалува. Од 0,2 до 5 хектари субвенцијата е 100 проценти, од 5 до 30 е 60 и над 30 хектари е 30 насто за секој култура одделно.

Услов е да се одгледуваат одреден минимален број на садници по хектар во зависност од сортата.

За предадено овошје во преработувачки капацитети, висината на поддршката е 3 денари за сите овошни култури освен за малина каде субвенцијата е 5, а за јаболко изнесува 2 денари по килограм за период од 15 август 2024 до 31-ви јануари 2025 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik